ЗА НАС

Нашата Приказна

Постоиме од 2013 година и нудиме сеопфатна услуга која вклучува производство и монтажа на ролетни и завеси. Нашите производи се карактеризираат со функционалност и стил. Нудиме производи кои се скроени по мерка за вашите прозорци и кои одговараат на индивидуалните ваши барања.

Во текот на своето работење го проширивме асортиманот на завеси и ролетни кои ги нудиме. Важиме за компанија која успешно се справува со сите предизвици. Наша цел е да ги исполниме желбите и потребите на нашите клиенти.

Благодарение на нашето повеќегодишно искуство, се стремиме да бидеме неприкосновен лидер во индустријата на завеси и ролетни наменети за вашиот дом или деловен простор. Знаеме кои решенија најдобро функционираат во специфични случаи и како резултат на тоа со задоволство го споделуваме нашето знаење и искуство со нашите клиенти. Сепак, ние секогаш ги земаме во предвид вашите индивидуални преференции и очекувања. Клиентите се нашиот вистински приоритет! Затоа сме посветени да понудиме ролетни и завеси кои точно ќе ги рефлектираат вашите потреби, вкусови и буџет, и истите да допринесат за ваша комоција и задоволство од коритење на истите. Постојат стотици ткаенини и материјали достапни во нашата колекција. Не заборавајте да го најдете вашиот совршен стил, боја и дизајн кој ќе одговара на вашиот декор.

Завесите и ролетните во 21 век се лесно и брзо решение, штедат пари и време. Нашата компанија Роло-Ентериер нуди решенија кои се во чекор со времето. Нашите ролетни и завеси се со модерен и практичен изглед наменети за вашиот дом и деловен простор.

Нашата понуда од производство на ролетни завеси се состои од венецијанер ролетни, вариолајт завеси, комарници, зебра завеси, роло завеси, плисирани завеси, ПВЦ, алуминиумски и  solomatik надворешни ролетни.

Ве покануваме да ја проверите нашата понуда. Во случај на какви било прашања, слободно контактирајте не преку телефон, на kontakt@roloenterier.mk или лично – во нашата канцеларија во Скопје.

СЕКОГАШ КВАЛИТЕТНА ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ НА РОЛЕТНИ И ЗАВЕСИ