Сакате да монтирате нови венецијанер ролетни во вашиот дом и сакате веднаш да пресметате колку тоа ќе ве чини? Па дури и да ги порачате кај нас, а ние да ви ги испорачаме со или без монтажа од наша страна – изборот е секогаш ваш.Земањето на мерки е поедноставно од што мислите. Се што ви е потребно е:
– лист хартија
– метро
– пенкало или моливИмате 2 начина на земање мерки, во зависност од тоа дали сакате ролетните да ви ја покриваат рамката на прозорот или да бидат во рамки на самата рамка од прозорот.
Начин 1: Венецијанер ролетни во рамката на прозорот 1. Најпрво нацртајте еден квадрат или правоаголник на парче хартија – ова ќе ви ја претставува рамката на прозорот. Доколку мерите повеќе прозори обележете ги прозорите секој посебно, како на пример “дневна прозор 1” за да не се доведете до забуна подоцна. 2. Земете го метрото и позиционирајте го во внатрешниот дел од рамката на прозорот. Мерете преку внатрешниот дел од рамката од еден до другиот крај. Ова направете го во горниот дел од рамката и во долниот дел од рамката бидејќи не сите прозори се еднакви во секој дел. 3. Напишете ја должината на рамката од прозорот. Доколку вашиот прозор нема иста димезија секаде тогаш земете ја во предвид најмалата димензија. Ова ќе овозможи ролетната да се вклопи убаво од горе па надолу. 4. Измерете ја потоа должината (вертикалата) на прозорот од долниот дел на горната рамка до горниот дел од долната рамка на прозорот. Запишете ја и должината на рамката од прозорот.
Начин 2: Венецијанер ролетни кои ја покриваат рамката на прозорот1. Најпрво нацртајте еден квадрат или правоаголник на парче хартија – ова ќе ви ја претставува рамката на прозорот. Доколку мерите повеќе прозори обележете ги прозорите секој посебно, како на пример “дневна прозор 1” за да не се доведете до забуна подоцна. 2. Земете го метрото и позиционирајте го на крајната точка на надворешниот дел од рамката на прозорот. Мерете преку целиот прозор хоризонтално од еден до другиот крај. Ова направете го во горниот дел од рамката и во долниот дел од рамката бидејќи не сите прозори се еднакви во секој дел.
3. Напишете ја должината на рамката од прозорот. Доколку вашиот прозор нема иста димезија секаде тогаш земете ја во предвид најмалата димензија. Ова ќе овозможи ролетната да се вклопи убаво од горе па надолу. 4. Измерете ја потоа должината (вертикалата) на прозорот од горниот дел на горната рамка до долниот дел од долната рамка на прозорот. Запишете ја и должината на рамката од прозорот.
Запомнете: Без разлика за кој начин сте се решиле секогаш мерете барем два пати.Доколку неможете да се снајдете сами, нашиот тим секогаш ви стои на располагање. Само побарајте не на 075/233-572 или контактирајте не во inbox.